Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ пред своите сопартијци порача дека државата ниту следните две години нема да излезе од криза бидејќи не се случиле значителни економски вложувања. Сепак, додава, успеале да стават ред во државата.
– Не ветивме чуда, не раскажувавме бајки и без врска не шармиравме, туку напротив и успеавме да воведеме малку ред, па граѓаните и странските инвеститори имаат основа да веруваат дека Хрватска е уредена држава. Нема економски раст а невработеноста и натаму е голема бидејќи има проблем во понудата на пазарот на трудот и нема да ни помогне ниту догодина да имаме раст од 5 проценти, што нема да се случи- посочи премиерот.
По старото веќе не се оди, нагласува, бидејќи Хрватска го исцрпува „наречениот“ развоен програм според кој се направени многу грешки и незаконитости. Милановиќ предвиде дека Европа ќе ја зафати нова криза и дека на Хрватска затоа и требаат сериозни проблеми за полесно да ја преброди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


