Водачот на групата Ролинг Стоунси, 70-годишниот Мик Џегер, ќе стане прадедо. Внуката на британскиот рок пејач 21 годишната Асиси, треба да се породи на почетокот на наредната година, изјавила нејзината мајка Џејд Џегер.
-Вистина. Ќе станам баба – изјавила ќерката на Џегер од неговиот прв брак.
Џегер има седум деца со четири различни жени.
Џејд е единствената ќерка од неговата прва жена, моделот од Никарагва и активистка за човекови права Бјанка Џегер, со која се оженил 1971 година. По осум години се развел од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.