На страстите почесто им се препуштаме на полноќ
Луѓето се склони да уживаат во сексот на полноќ 17 пати повеќе отколу во 10 наутро, покажа студија објавена во Journal of Circadian Rhythms. Според резултатите од истражувањето, најголем број луѓе уживаат во сексот малку пред да заспијат, односно помеѓу 11 навечер и 1 наутро.
„Луѓето уживаат во сексот кога имаат можност за тоа, а времето пред спиење се чини најзгодно. Освен тоа, сексот пред спиење се перцепира како прифатлив и пожелен, па се смета дека тоа е ‘нормално’ време за секс“, вели вели сексологот Карол Квин.
Недела е најнепопуларен ден за секс
За разлика од мрзливата недела, петок и сабота се 18 пати попопуларни денови за секс, тврдат истражувачи од Универзитетот Индијана. Освен тоа, нивната студија покажала дека сексуалните односи се многу почести во пролет и лето, а малку поретки во зима.
Голем број луѓе пропуштаат прилика за секс поради високи температури
Според истражување на компанијата Тројан, два пати повеќе луѓе одбиле секс поради тоа што им било премногу жешко, во споредба со оние кои немале секс поради ниските температури. Дури 35% од учесниците во истражувањето признале дека барем еднаш одбиле секс поради топлото време, а само 19% го направиле истото поради студот.
Несигурното работно место негативно влијае на сексуалниот живот
Околу 56% од мажите и 47% од жените кои се плашат дека постои опасност да ја изгубат работата страдаат од намалена желба за секс, покажува студија на Универзитетот Лугано, спроведена врз мажи и жени на возраст од 20 до 49 години. Освен тоа, научниците се сомневаат дека стресните настани како реструктуирање, приватизација и спојување на компанијата влијаат на сексуалниот живот повеќе отколку што луѓето мислат.
Дождливото време е најпожелно за секс
Истражувањето Degrees of pleasure на Тројан покажа дека дури 83% од Американците сметаат дека деновите и ноќите кога врне се најдобри за секс. Најчесто објаснување на испитаниците е дека на дождливо време и онака не може да се прави ништо друго. Според истото истражување, најдобра температура за секс е помеѓу 20 и 21 степен Целзиусов.
Во петок шансите за секс се 56% поголеми од понеделник
Резултатите од анкета во списанието Time Out Tokyo покажуват дека дури 56% од читателите го издвоиле петок како ден кога е најверојатно дека ќе имаат секс, 30% ја посочиле сабота, 6% вторник, 3% недела, додека само 1% од испитаниците би имале секс во вторник и понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.