
Во исклучително квалитетен натпревар со многу потези за паметење, главно во израмнета борба, македонските кошаркари сепак беа далеку поконцетрирани стигнувајќи сосема заслужено до победата. Клучна предност се чини МЗТ Скопје направи во втората четвртина која ја доби со шест поени предност, па во второто полувреме и покрај обидите на гостите успеа да го неутрализира секој нивни обид за стигнување до пресврт и триумф.
И покрај тоа што во финишот се влезе во неизвесна завршница, па на една минута пред крајот Игокеа имаше и израмнет резултат (80-80) сепак во последните секунди избраниците на Вукоичиќ беа далеку поконцетрирани па преку поени на Чековски и Гечевски се стигна до 84-80, а потоа преку брзите прекршоци на противникот и нашите прецизни слободни фрлања се стигна до победата.
Најефикасен во победата на МЗТ Скопје беше Синовец со 18 постигнати поени, по 17 поени постигнаа Гечевски и Лучиќ, додека со 16 поени заврши Дамјан Стојановски. Кај Игокеа Гордиќ заврши со 19 постигнати поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


