| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје доаѓа шефот на светскиот „Научен Билдерберг“ и автор на Југословенската нуклеарна програма

На социјалните мрежи во САД кружи информација дека во Македонија деновиве треба да пристигне Иво Шлаус, светски познат нуклеарен физичар и од пред две години „Претседател на Светската академија на науките и уметностите“ со седиште во Калифорнија.
Светската академија неформално се нарекува и „Научен Билдерберг“ по аналогија со контроверзната група составена од највлијателните политички и финансиски фигури во светот кои го сочинуваат „Билдерберг“ за која се претпоставува дека ја „креира и планира“  иднината на светот.
Светската Академија меѓу другите свои цели ги анализира сите научни и технолошки достигнувања и дава свои ставови за нивното влијание на човештвото.
Ivo-Šlaus-Akademik
Иво Шлаус е Хрват кој до смртта на Тито работи како професор на Руџер Бошковиќ институтот во Загреб поради што се смета за еден од главните носители на југословенската нуклеарна програма за која се шпекулира дека била креирана во соработка со САД.
По смртта на Тито Шлаус ја продолжува кариерата на UCLA Беркли Калифорнија, Џорџтаун, Дјук, Кјото, ETH- Цирих како и на многу други универзитети.
Од 1981-1993 работи во познатата Лос Аламос нуклеарна лабораторија на САД. Автор е на повеќе од 360 научни трудови.
Тој е член е на Европската Академија на науките и уметностите, Хрватската, Црногорската и МАНУ. Член е и на Советот на Клубот од Рим кој често пати е обвинуван за контроверзни иницијативи и анализи.
Засега од македонските власти и МАНУ нема најави по кој повод доаѓа Шлаус во Македонија. Нема инфорамции ниту дали Шлаус во земјава доаѓа во врска со идеите за иградба на нуклеарна централа.
Четворица членови на МАНУ се членови на Светската академија на науки и уметности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top