Министерството за транспорт и врски во текот на следната недела планира да објави јавен повик за избор на најдобар понудувач за изградба на болница на земјиштето во близина на Градската општа болница „8 Септември“, најави денеска премиерот Никола Груевски.
– Според информациите што ги имам од министерот за транспорт и врски има најмалку еден, а можеби и повеќе заинтересирани да се јават на наддавањето, да го купат земјиштето, да вложат свои пари и да изградат нова современа приватна болница, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето на новата спортска сала во општина Петровец.
Тој посочи дека локацијата и досега на неколку пати била огласена, но немало интерес.
– Овој пат имаме најмалку еден заинтересиран купувач за земјиштето што сака да гради болница. Се надевам дека лицитацијата ќе биде успешна и ќе се изгради нова болница во Скопје која ќе донесе нови стандарди и нови можности за граѓаните, нагласи премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии