| четврток, 6 декември 2018 |

Белград почна да го гради „Јужен тек“

mapa-juzen-potok-STRATFOR-cela

Србија ја почнува изградба гасоводот „Јужен тек“, инвестиција вредна 1,9 милијарди евра. Првата цевка утре ќе биде заварена во местото Шајкаш со присуство на високи функционери од Русија и Србија, објавија српските медиуми.

Делот на „Јужен тек“ низ Србија ќе биде долг 421 километар и предвидува изградба на две гранки – во Хрватска од 52 километри и во Република Српска од 105 километри, а се работи и проект на крак кон Македонија.

Изградбата на „Јужен тек“ во Србија треба да биде завршена за две години. Капацитетот на гасоводот во Србија ќе биде 40,5 милијарди кубни метри годишно.

Меѓународниот гасовод „Јужен тек“ , проект лансиран од страна на руската државна компанија „Гаспром“ , во вредност од повеќе од 16 милијарди евра ќе доведе рускиот гас, преку цевки под Црното Море и под копното преку Бугарија,Србија и Унгарија да стигне до потрошувачите во Западна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top