Директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Ирфан Асани, е човекот што во неделата беше повреден во тешка сообраќајна несреќа во Албанија, пишува во утрешниот број на „Слободен печат“.
Несреќата, за која пишуваа само албанските медиуми, се случила на пат што води кон Тирана, Албанија. Од засега непознати причини, службеното возилото со кое патувал Асани, се судрило со друго возило и излетало од патот.
Еден час по несреќата, тешко повредениот директор на Македонски железници со изнајмен хеликоптер бил префрлен во Скопје, каде што поради сериозноста на повредите, веднаш е пренесен на КАРИЛ.
Асани и вчера, пет дена по несреќата, сѐ уште беше на интензивна нега, но од болнички извори дознаваме дека засега е рано да се предвиди дали од несреќата тој ќе има некакви последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.