| четврток, 6 декември 2018 |

Магнус Карлсен е нов светски шампион во шах

Anand

Младиот норвешки шахист 22 годишниот Магнус Карлсен е нов светски шампион во шах. Тој во борбата за светската титула има недостижна предност од 6,5-3,5 на две партии до крајот над актуелниот првак индиецот Вишванатан Ананд. Во денешната 10 партија на Карлсен му беше доволно и реми бидејќи имаше предност од 6-3 пред оваа партија. Клучната победа норвежанецот ја направи во деветатата партија кога со црни фигури го победи неприкосновениот Ананд. Победата е уште поголема бидејќи се игра во Индија родната земја на Ананд. Карлсен е најмладиот светски шампион во шах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top