Едно лице загина во сообраќајна незгода која попладнево околу 16:30 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Струга во близина на селото Мислешево. Во незгодата настрада жена родена 1955 година. Таа го загуби животот откако била удрена од патничко моторно возило.
Увидни екипи излегоа на терен и вршат увид за да ги утврдат причините кои доведоа до незгодата. СВР Охрид во текот на утрешниот ден ќе излезе со повеќе информации за настанот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


