| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонски Брод се одржа шеста „Костенијада“

Празник на костенот денеска се случуваше во Поречието, а традиционалната шеста по ред Костенијада во Македонски брод, со веселба, со печени костени и разни специјалитети од нив, но и несекојдневна изложба што ја креираа најмладите , ја посети и претседателот Ѓорге Иванов. Поречеани се свесни дека недопрената природа и костенот со многу дигестија што тука успева, се нивна компаративна предност.
– Економскиот бенефит е од огромно значење за нашта општина  и затоа, оваа година по шести пат ја организираме  оваа манифестација Костенијада, бидејќи ние со ова го прошируваме пазарот и го доловуваме вкусот на костенот до сите што ќе дојдат и пазарот секоја година се зголемува- рече Милосим Војнески, градоначалник на Македонски брод.
За костенот како земјоделска култура барем засега нема субвенции, меѓутоа од ресорното министерство најавуваат помош со експертска едукација, воведување на  финансиски мерки за подигнување на нови насади и донесување на странски инвеститори.
– Уште во почетокот на следната година, експертите од министерството и лично јас, се обврзувам, со целата моја екипа да бидеме повеќе време присутни во Македонски брод, се со цел, да им дадеме директна поддршка- рече министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Во Поречието, годишната реколта е поголема од илјада тони костени. Над двесте семејства исклучиво живеат од неговото производство, а уште осумстотини ја дополнуваат својата егзистенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top