Познатата глумица Софија Вергера откри дека не верува во природен изглед, односно дека таа никогаш не излегува без шминка. Таа поседувала многу козметички производи кои секојдневно ги користи за нега на нејзината кожа.
Глумицата за магазинот „ГК“ зборувала за убавината и за тоа како ја негува кожата. Таа рекла дека е зависник од шминки и козметички производи кои ги користи секојдневно за да ја негува нејзината убавина.
Според нејзините зборови, таа никаде не излегува без шминка.
– Имам многу светли трепки, па тоа ме обврзува секогаш да имам маскара на нив. Никогаш не излегувам од дома, а да не сум нашминкана – изјави Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.