| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина фалсификатори во притвор по осумина се трага

ebr-apsenje-vo-carsija-00

Петмина граѓани осомничени како дел од групата која фалсификувала патни документи од европски држави од вчера се во притвор, а осумина МВР уште ги бара за да ги уапси известија денеска од Основниот суд Скопје 1.

Вчера Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје до овој суд поднесе барање за започнување истрага против 13 лица кои се осомничени за кривично дело злосторничко здружување и за фалсификување исправа.

В притвор се сега обвинетите Ќ.Н., Ј.М., З.Е., С.Л., М.С.. Според МВР, во полициската акција наречена „Орион“, осомничените лажните документи ги продавале во Хамбург за цена од 800 до 1.500 евра, а иселениците во Германија ги користеле за да го средат својот нелегален престој во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top