| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските поволности пред светската автоиндустрија

Automobil ProduktionПретставници на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони од вчера присуствуваат на конгресот посветен на автомобилската индустрија „Automobil Produktion China“ во Гуангжоу, Кина. Организатор на овој конгрес е германската издавачка куќа „Automobil Produktion“ која е најголема во областа на автомобилската индустрија во Германија, членка на групацијата „Дојче цајтунг“.

Овој конгрес се одржува за време на меѓународно признатиот настан од автомобилска индустрија Guangzhou International Motor Show и преку овој настан традицијата на германскиот форум почната од 1986 година се пренесува во Кина поставувајќи платформа за производителите на автомобилски компоненти и возила и воспоставување нови можности за соработка.

Годинава во Гуанжу се дојдени највисоки претставници на компаниите од Кина, Европа и светот, како Ауди, Мерцедес, Џели, Континентал, Бош, Леар, Инфинити, Фауресиа и други. Конференцијата е фокусирана на стратегиите за производство на овие компании како и потенцијалите за зголемување на присуството на кинеските компании од автомобилската индустрија на глобалниот маркет.

Овој собир е одлична можност за претставување на инвестициските можности на Република Македонија во автомобилскиот сектор на компаниите заинтересирани за присуство на европскиот пазар со посебен акцент на поволностите кои се нудат на компаниите за инвестирање во ТИРЗ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top