| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Вилијамс: Се плашам ќерка ми да не запознае некој како мене

Иако ќерката Теодора уште нема две години, популарниот пејач Роби Вилијамс веќе е загрижен за нејзиното растење и потенцијалните љубовни авантури. Раѓањето на Теодора го промени многу, но токму поради тоа што пејачот поминал низ се и сешто, пејачот не би сакал неговата ќерка да запознае некој како него.

Роби дури и песната „Go Gentle“ и ја посвети на ќерката.

– Стиховите од оваа песна говорат токму за мојата грижа кон неа. Ме загрижува нејзиното растење, што ако запознае некој како мене? Не знам што ќе направам во тој случај – рече Роби.

Иако проблематичните денови се позади пејачот, тој конечно е среќен, а според неговите зборови тоа потполно го променило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top