| четврток, 6 декември 2018 |

Ван дер Варт заработил сериозна повреда

Фудбалерот на Хамбургер, Рафел ван дер Варт, кој воедно е и холандскиот фудбалски интернационалец, ги повредил лигаментите на скочниот зглоб во текот на пријателскиот натпревар со Колумбија одигран во вторникот.

Во соопштението на германскиот фудбалски клуб засега не се наведува колку време нивниот член ќе треба да отсуствува од теренот.

Фудбалската репрезентација на Холандија која претходно се избори за пласман на Светското првенство во Бразил 2014-та година, не се знае дали ќе може да смета на услугите на овој играч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top