
Стружанец и уште двајца негови сопатници се тешкоповредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен во близина на превојот Буково.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила околу 9 часот кога автомобил марка „опел корса“ излетал од коловозот.
Возачот Н.П. од Струга заедно со неговите двајца сопатници се здобиле со телесни повреди.
– Тројцата се пренесени во специјалната болница за трауматологија и ортопедија „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што им се констатирани повредите и им е укажана соодветна лекарска помош. Возачот е задржан на дополнителен медицински третман, а неговите сопатници се пуштени на домашно лекување – потврди Димоски.
Полицијата изврши увид на местото на сообраќајната незгода во присуство на овластен сообраќаен судски вештак и работи на утврдување на причините и околностите под кои се случи овој немил настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


