| четврток, 6 декември 2018 |

Звонко од Богданци: Ми го растури семејството за едно чоколадо

zvonko od bogdanci

Звонко од Богданци е хит на интернет откако деновиве на YouTube е објавена снимка на која се гледа како врши кражба  во локална продавница. Откако сопственикот на супермаркетот видеото го објавил на интернет,  Звонко решил да проговори за „Вест“.

Звонко за весникот вели дека поради кражбата и објавеното видео му се растурило семејството.

Газдата на продавнциата освен што му го објавил името на видеосервисот, залепил и лист на вратата на својата продавница предупредувајќи ги своите муштерии, дека секој што ќе биде фатен како краде, ќе може да се гледа на интернет.

За случајот се заинтересирал и народниот правобранител што ја утврдува незаконитоста на објавеното видео од кражбата на интернет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top