Ј.С. (50) од Куманово узурпирал државно земјиште на кое поставил барака и почнал да ископува камен.
Тој во октомври годинава незаконски зазел градежно земјиште сопственост на Република Македонија, и на него изградил привремен објект, а со багер ископувал минерални суровини – камен.
Ј.С. кривично ќе одговара за узурпација на недвижности и за незаконска експлоатација на минерални суровини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


