Според сознанијата на магазинот „Марка“, Ливерпул е, наводно, подготвен да го продаде својот најдобар играч Луис Суарез на мадридски Реал за 47 милиони евра.
„Кралскиот клуб“ одамна е заинтересиран за услугите на Уругваецот, а по тој повод контактирале со главните луѓе во Ливерпул за да дознаат колку пари треба да одвојат за трансферот на еден од најдобрите светски напаѓачи.
Со оглед на тоа дека Реал никогаш немал проблем со парите, нема сомневање дека ќе се пронајдат од некаде 47 милиони евра, дури ако треба и кредит ќе земат, па така, ако е точна веста што ја обелодени „Марка“, веќе од јануари ќе можеме да го гледаме Суарез во нападот на Реал, во друштво на Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ван Дајк бил близу смртта во 2012 година
-
Сензација во Белград: Црвена Ѕвезда го совлада големиот Ливерпул (Видео)
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера


