Европската фудбалска унија покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради, како што се наведува, расистичкото однесување на дел од навивачите на квалификацискиот натпревар на младинските репрезентации на Србија и Белгија, кој заврши 2-2.
Мечот се одигра на 15 ноември, а УЕФА за овој случај ќе одлучува на состанок на 11 декември.
– Непријатно сме изненадени поради тоа што против нас е покрената дисциплинска постапка. Имаме рок од шест дена за да го доставиме нашиот извештај, кој, секако, ќе го искористиме. Поради тоа, побаравме увид од извештајот на судијата. Нѐ известија дека и делегатот и претставници од Фудбалскиот сојуз на Белгија биле задоволни од организацијата на натпреварот, па така оваа информација навистина не изненади – рече генералниот секретар на Сојузот, Зоран Лаковиќ.
До покренување на постапката дошло по пријава на вториот помошен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.