| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел бара сеопфатна согласност за новите закони за медиумите

Peter_StanoЕвропската комисија му посочила на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дека треба време и сеопфатна согласност за да се донесат новите закони за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, јавува МИА од Брисел.
На 15-ти месецов во Брисел Ивановски имал средба со генералниот директор на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, а според портпаролот на Еврокомисијата, Петер Стано, се разговарало за нацрт-законите што во моментов се во собраниска процедура.
– Генералниот директор Даниелсон го повтори она што Европската комисија, но и други, досега го рекоа низ процесот на изработка, а тоа е дека гарантирањето на слободата на изразување и другите фундаментални права е услов за земјата да се приклучи кон Европската унија. Но, кога и како точно земјата ќе ја регулира оваа област е прашање за националните власти и учесниците- го пренесува МИА Стано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top