| четврток, 6 декември 2018 |

Заев тужи новинари и обвинува кога другите го прават тоа – отровните краставици не му се битни

zaev programa

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев деновиве покажа невидена дволичност со заканите дека ќе ги тужи сите медиуми кои скандалот со отровните краставици извезени во Хрватска го поврзале со неговото име (иако компнијата која ги извезла е сопственост на негови роднини).

Заев досега не ретко ја обвинуваше владејачката партија дека ја уништува слободата на говор затоа што тужи новинари.

Но, сега тој нема никаов проблем да им се заканува на новинарите оти ги спомнале еден ноторен факт.

Од трета страна Заев кој себе се гледа како иден премиер, не покажа ниту грам чувство за штетата што е направена на македонските земјоделци бидејќи тие поради овој скандал многу потешко ќе можат да ги продаваат своите производи на странските пазари.

Дури и Вељо Тантаров, лидерот на земјоделците и некогашен виден член на СДСМ реагираше на оденсувањето на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top