| четврток, 6 декември 2018 |

БИБЛ: Куманово и Кожув со нови предизвици

Македонските претставници во балканското регионално кошаркарско натпреварување (БИБЛ) попладнево ќе одиграат нови натпревари

bibl-500

Куманово на домашен терен за противник ја има екипата на Балкан од Ботевград, додека Кожув патува во Тиват и ќе игра против Теодо.

Во таборот на кумановци се подготвени за новиот предизвик на домашен терен.

– Балкан е квалитетен состав, со неколку искусни играчи. Но, ние одиме на победа за да бидеме понеоптоварени во следниот дел од ова натпреварување. Се надевам дека ќе ја повториме играта од дуелот со Пеќ и да се радуваме на победа, што може да биде пресудна за исходот во БИБЛ-лигата – истакна тренерот на Куманово, Горан Димитријевиќ, кој се надева и на поддршка од навивачите.

На клупата на екипата од Бугарија е Македонецот Александар Тодоров, а оваа екипа единствената победа ја постигна на гости против Кожув во Гевгелија.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот и 30 минути.

Дуелот Теодо – Кожув во Тиват ќе почне во 18 часот, а утре на програмата е и дуелот Галил Гилбоа – Левски.

Табела: Сигал Приштина 3-1 (победи-порази), Кожув 3-1, Левски 2-2, Крајова 2-2, Теодо 1-4, Куманово 2-1, Галил Гилбоа 2-0, Балкан 1-2, Пеќ 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top