| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е денот на мажите

Во делови од светот, денешниот датум, 19 ноември, се одбележува како Ден на мажите.

Иницијативата за ваков ден потекнува од Тринидад и Тобаго во 1999 година, и секоја година, особено со зголемената популарност, редовно е цел на феминистките, кои тврдат дека ваквото етикетирање е сосема непотребно бидејќи „мажите и така владеат и во другите 364 дена од годината“.

И покрај тоа, Денот на мажите се одбележува во повеќе од 70 земји во светот, а е поддржан и од ОН. На овој ден се промовира безбедноста и здравјето на момчињата и на мажите, родовата еднаквост и се нагласува позитивната улога на мажите во општеството.

Темата оваа година е „Да ги заштитиме мажите и момчињата“, со која се се нагласува фактот дека и мажите се жртви на семејно насилство, а овие проблеми често „се кријат под тепих“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top