Досегашниот тренер на Викторија Плзен, Павел Врба, од први јануари ќе го предводи националниот тим на фудбалската репрезентација на Чешка, која не успеа да се квалификува на Светското првенство во Бразил.
Врба, кој двапати го однесе Плзен во Лигата на шампионите во последните три сезони, ќе биде заменет од Микал Билек, кој, пак, поднесе оставка по серијата слаби резултати на чешката репрезентација.
Претседателот на Фудбалската федерација на Чешка, Мирослав Пелта, ја потврди оваа информација истакнувајќи дека договорот ќе биде потпишан веднаш откако Павел Врба и официјално ќе се раздели од својот сегашен клуб Плзен.
– Морам да изразам задоволство што постигнавме договор со еден квалитетен стратег, кој со својот клуб Плзен оствари одлични резултати во изминатиот период. Се надеваме дека ќе биде успешен и како селектор на фудбалската репрезентација на Чешка – изјави Пелта.
Сепак, за раководните луѓе на Плзен оваа информација дојде како гром од ведро небо и тие истакнаа дека се навистина разочарани од односот на Павел Врба. Во последните пет години дури трипати беше избиран за најдобар тренер во Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.