Петмина се уапсени во Њујорк обвинети за кражба на 45 милиони долари преку банкомати. Четирите момчиња и една девојка, на возраст меѓу 23 и 29 години, би можеле да добијат по 7,5 години затвор и парична казна до 250.000 долари. Тие се обвинети дека се членови на глобална криминална организација, која украла информации од дебитни картички на американската мултинационална финансиска корпорација „Мастеркард инкорпорејтид“.
Грабежот е извршен преку влез во компјутерските системи на финансиските институции и кражба на податоци за картичките и исплатите на пари од банкомати.
– Новите документирани докази покажуваат дека обвинетите испратиле огромен дел од средствата на лидерите на оваа организација, вклучувајќи и 800 илјади долари испратени со автобус во багаж за Флорида за да стигнат до еден од организаторите – наведува Обвинителството.
Еден од уапсените имал фотографија на својот „ајфон“, каде што се гледа огромен куп пари на хотелски кревет.
Петмината осомничени подигнале околу 2,8 милиони долари на повеќе од 140 банкомати во Њујорк.
„Њујоршката група“ првиот пат подигнала 400 илјади долари, а вториот 2,4 милиони на 2904 банкомати за нешто повеќе од 10 часа.
Во мај беа уапсени уште осум момчиња од Квинс поради учество во оваа криминална организација, четворица ја признаа вината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


