Четири години по смртта на познатата холивудска актерка Британи Марфи, откриено е дека таа починала од труење, најверојатно од отров за глувци, пишува „Дејли меил“.
Новите токсиколошки резултати деновиве беа објавени во медиумите, а се очекува да се дознае причината за смртта на нејзиниот сопруг Симон Моњак, кој почина само пет месеци по неа.
Родителите на познатата актерка не можеле да прифатат дека нивната ќерка туку-така починала, па барале независно тестирање, и со тоа ги потврдиле сомневањата. Според написите на американските медиуми, полицијата повторно ќе отвори истрага за да се најде виновникот. Претходната истрага утврдила дека смртта на Британи ја предизвикала комбинација од лекови и воспаление на белите дробови.
Британи Марфи глумеше во триесетина филма, меѓу кои најпознати се „8 Mile“, „Uptown Girls“, „Just Married“, „Little Black Book“, „Sin City“ и „Love And Other Disasters“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст