Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа прва од серија планирани трибини за промоција на образовните програми со посебен акцент на програмата „Еразмус“.
Студентите беа информирани дека УКИМ има потпишано голем број договори за меѓународна соработка со реномирани универзитети во светот и беа советувани редовно да ги следат конкурсите и да аплицираат за студентски размени, кои ќе бидат корисни за нивната кариера.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја презентираше програмата „Еразмус“, како функционира изборот на студенти и начинот на аплицирање и ја навестија новата „Еразмус плус програма“.
Претседателот на СПУКМ Кирил Спироски ги охрабри студентите да ги користат овие размени и доколку имаат проблеми при аплицирањето да се обратат во СПУКМ. Посочи и дека СПУКМ ќе организира студентски размени во соработка со студентските унии од Европската студентска унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови