Оваа годинава се регистрирани 25 новопријавени случаи на ХИВ/СИДА, а во 2012 година тој број изнесувал 24. Три лица оваа година починале, а нивната болест била откриена во терминална фаза, пренесува „Вечер“.
На јавната расправа насловена „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ“, проф. Звонко Миленковиќ истакна дека во земјава терапија има за сите пациенти, појаснувајќи дека за лековите кои не се набавени имало замена со медикаменти, кои имаат идентична ефикасност и безбедност.
Инаку, во Македонија има регистрирано 194 лица со ХИВ/СИДА, од кои 71 се починати, 95 живи и 74 се на антиретровирусна терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.