| четврток, 6 декември 2018 |

Не си фраер ако немаш лав (фото)

Додека во некои земји доказ за богатство (и сомнителните зделки) е визба полна со препарирани животни, некои отидоа чекор понатаму.

Се чини дека фотографирањето со скапи автомобили, бродови и јахти веќе не е доволно за богатите млади од арапските земји.

lavovi 1

Поточно, новата забава е фотографирање со лавови покрај скап автомобил или, пак, возење на јахта во друштво на гепард.

Во секој случај, големите мачки така станаа новиот статусен симбол на локалните богати луѓе, а од ден на ден на „Инстаграм“ има сѐ  повеќе слики од златната младина, која на тој начин го покажува своето богатство. Или глупост.

lavovi 2

Хумаид Албукаиш  така стана ѕвезда на „Инстаграм“ со преку 250.000 следбеници, а неговиот профил е полн со фотографии со новото милениче. Не се знае како тој дошол до богатството, но на сите им стави до знаење дека „спие на пари“.

lavovi 3

– Купување скапоцени животни покажува дека тие можат да имаат сѐ што ќе посакаат. Доколку припитомат диво животно, какво што е лавот, покажува дека тие се храбри. Сепак, тоа не е храброст, станува збор за повреда на правата на животните – рече Али и додаде дека само во 2010 година во Обединетите Арапски Емирати се запленети повеќе од 200 нелегални животни (лавови, тигри , пантери , гепарди и хиени ).

lavovi 4

 

lavovi 5

 

lavovi 6

 

lavovi 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top