Американскиот Стејт департмент соопшти вчера дека од јануари нуди награда од десет милиони долари за информација, која ќе доведе до апсење и осудување на одговорните за минатогодишниот напади врз американскиот Конзулат во
либискиот град Бенгази, во кој беа убиени четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс.
Во писмо до Конгресот Стејт департментот вчера нагласи дека наградата не била објавена на неговиот сајт „Награда за правдата“, како што тоа вообичаено се прави, од безбедносни причини, поврзани со истрагата на нападот од 11 септември 2012 година.
Во писмото испратено до конгресменот од редовите на републиканците, Мајкл МекКол, помошник-државниот секретар Џулија Фрајфилд признава дека необјавувањето на информацијата е невобичаено, но оти има други начини таа да стигне до јавноста.
Според неа во текот на истрагата одговорните лица се погрижиле информацијата за наградата да стигне до заинтересираните лица, кои сакаат да сведочат. Наградата била објавена на 7 јануари, кога државен секретар на САД се уште беше Хилари Клинтон.
Членовите на Конгресот изразија незадоволство поради тоа што Стејт департментот не ги искористил сите средства, со кои располага за да ги пронајде одговорните за нападот.
МекКол, кој е претседател на Комисијата за внатрешна безбедност во Претставничкиот дом беше главниот автор на писмото од 30 октомври до државниот секретар Џон Кери, во кое го прашува зошто не се нудат награди за откривање на напаѓачите од Бенгази.
Писмото беше потпишано уште од 82 когресмени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим