Работнички го доби дерби дуелот во „Градски парк“ против Лирија со убедливи 87-71 и остана единствената непоразена екипа во Првата македонска лига во кошарка. По првиот дел беше израмнето, а фуриозната игра на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб во третата четвртина го одлучи мечот. Работнички го доби тој период со 24-9.
Лирија замина со предност од 47-42 на паузата меѓу двете полувремиња.
Сосема поинаква беше ситуацијата по 30 минути, а носени на крилјата на навивачите домаќините направија пресврт, клучна за исходот на мечот. Работнички направи десет поени предност, 66-56, што на крајот се зголеми уште за 6 поени и конечни 87-71.
Кнежевиќ одигра извонредно со учинок од 22 поени и 11 скока, Соколов го заврши мечот со 21 поен, и 7 асистенции, а одличен беше и Брчков, кој го заврши натпреварот со 11 поени, 9 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки. Кај Лирија се истакнаа Мијовиќ и Тасовски со по 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


