| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска и утре „Стипендии ЕКСПО 2013“

stipendii ekspoОтворена е манифестацијата „Стипендии ЕКСПО 2013“ во организација на Образовниот информативен центар од Скопје, а под покровителство на Амбасада на Канада. По четврти пат на едно место се универзитетите, министерствата, амбасадите и културните центри во Македонија, како и претставници на многубројни компании, фондации и невладини организации.

-Образовниот информативен центар од Скопје креираше одлична идеја и веќе четврта година по ред успешно ја имплементира преку организирање на манифестацијата – „Стипендии ЕКСПО“, која треба да биде поттик и за другите актери на ова поле, за примена на нови и креативни пристапи во информирањето на јавноста околу понудените можности, односно нивно доближување до граѓаните – истакна министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Канадскиот амбасадор, Роман Вашчук, го стави во фокус значењето на стипендиите за отворање на пристапот до високото образование.

– Стипендиите играат клучна улога во отстранување на финансиските пречки до високото образование и имаат директно влијание врз порастот на бројот на пообразовани граѓани кој е неопходен за продолжување на економскиот раст на Македонија и создавање општество базирано на знаење – истакна Вашчук.

Маја Петрушева, претседателката на Образовниот информативен центар, го истакна значењето на електронскиот систем за регистрација на посетители.

– Во интерес на студентите, повторно и оваа година, на самиот влез е воведен електронски систем за регистрација на посетители, кој им овозможува на институциите да стапат во директен контакт со студентите заинтересирани за стипендиските програми кои тие ги нудат – објасни Петрушева.

Годинава учествуваат 26 учесници од 16 земји, Италија, Германија, САД, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција, Србија, Австралија, Канада, Грција, Франција, Унгарија, Бразил, Кина и Обединети Арапски Емирати.

Спонзори на манифестацијата „Стипендии ЕКСПО 2013“ се универзитетите: Politecnico di Milano, Universita Cattolica del Sacro Cuore, Аmerican College of Thessaloniki, HULT International Business School и Algonquin College.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top