Тетовската полиција пронашла 10 албански државјани во куќата на 47-годишниот А.М. лоцирана на улицата „Љуботенска“ во Тетово. Албанските државјани биле пронајдени во специјално приспособена просторија во подрумот на куќата, а сите се на возраст од 17 до 48 години, соопштуваат од полицијата.
Кај тетовецот се пронајдени 17 патни исправи од кои само две биле на затечените лица, а за другите се претпоставува дека се на лица што илегално заминале од Македонија, а престојувале во куќата.
Десетте албански државјани се приведени во СВР „Тетово“ и се предадени за натамошна постапка на Отсекот за странци и реадмисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.