| четврток, 6 декември 2018 |

Натепани вработени на патарината „Глумово“

PatarinaКасиер на патарината „Глумово“ во средата пријавил во полиција дека тројца непознати вечерта околу 21 часот го нападнале и му скршиле заб.

Лицата не сакале да платат патарина и физички го нападнале лицето од обезбедувањето, а откако и касиерот се приближил, и тој бил натепан. Укажана му е лекарска помош, а констатирана е тешка телесна повреда-скршеница на заб. МВР презема мерки за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top