| четврток, 6 декември 2018 |

Децата тепани во автобусот 65 се во стабилна состојба

avtobus JSPДокторите за медиумите велат дека состојбата на повредените во синоќешната тепачка во градскиот автобус со број 65 е стабилна. На домашно лекување се пуштени две момчиња кои биле примени во ургентниот центар во Скопје, а без тешка повреда поминало и 15- годишното девојче, удрено со прачка по главата.

Од МВР велат дека полесно биле повредени шест деца, а дека истрагата сѐ уште е во тек. Вчера на автобуската станица во населбата  Ченто десетитина момчиња претежно малолетни влегле во автобусот и со метални и дрвени прачки ги нападнале патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top