| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб пет од пет во Евролигата

lester bo mccaleb

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мек и неговиот клуб Фенребахче е незадржлив во евролигата. По пет кола тој има стоотстотен учинок. Вечерва на домашен терен ја победија екипата на Нантер убедливо со 83-66.
Бо одигра 22 минути и имаше учинок од 10 поени, шест скока и четири асистенции. Тренерот на Фенребахче Обрадовиќ одлично ги склопи коцките во составот каде четворица играчи имаа двоцифрен број поени. Лидер на тимот беше одличниот хрват Бојан Богдановиќ со 20 поени. Прелџиќ постигна 16, а Бјелица 15 коша. Кај поразените се истакна Траоре со 20 поени.
Уште два тима се без пораз во евролигата. Реал Мадрид кој победи вчера, и Олимпијакос кој својот меч го игра утре.
Дербито на колото се одигра во Тел Авив каде домашната екипа на Макаби го пречека тимот на Панатеникос. Домаќините заслужено победија со 75-68. Во текот на целиот натпревар Макаби го контролираше резултатот кој се чини беше решен уште во првата четвртина кога Макаби поведе со 13 коша разлика (25-12).

Во останатите натпревари денес се постигнати следниве резултати:
Локомотив Кубан-Каха Лаборал 85-84, Жалгирис-Бросе баскет 91-81, Будевелник-Барселона 74-84, Уникаха-Мотенпаски Сиена 73-75.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top