| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Астероид за влакно до Земјата

На 15 фебруари астероид голем колку половина фудбалски стадион ќе пролета покрај Земјата на оддалеченост помала од онаа на Месечината, јавува НАСА. Ако удри, ќе има силина на хидрогенска бомба

Астероидот со име 2012DA14 тип Ѕ,15 февруари, ќе навлезе во патеките на комуникациските сателити кои кружат околу планетата на многу мала оддалеченост.

Сепак, нема место за паника, велат од НАСА. Орбитата на астероидот е позната и се исклучува удар. Барем не овој пат.

-Астероид широк 45 метри поминува покрај Земјата секои 40 години, но удира еднаш на 1200 години. Дури ни тогаш ударот не е катастрофален, велат од Американската агенција за вселенски истражувања.

Силината при ударот би била како на хидрогенска бомба.

Како пример, овој астероид е голем колку оној кој што експлодирал над Сибир 1908 година и го „израмнил“ тлото на неколку стотици километри квадратни, познато како „Тунгуска експлозија“.

Исто толкав метеор кој што удрил во Земјата пред 50 илјади години е виновен и за познатиот Метеорски кратер во Аризона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top