| четврток, 6 декември 2018 |

Пет месеци затвор за палење знаме во Струга

Апелација ги потврди петте месеци затвор за Исмаили, за поттикнување нетрпеливост и омраза

Мунир Исмаили, од струшкото село Шум, кој лани го запали македонското знаме, од викендот е на издржување на затворската казна, објави Дневник.
Апелацискиот суд на четириесет и осум годишниот стужанец, му ја потврдил претходно донесената одлука на Основниот суд во Струга, со која е казнет на пет месеци затвор, вели весникот.

струга јарболлиКако што пренесува агенцијата ИНА, Исмаили пред судот одговарал под обвинение „поттикнување меѓунационална и меѓуетничка нетрпеливот и омраза против државните симболи“, според член 319 од кривичниот законик. Исмаили одлуката на судот ја смета за политичка, но и порака до Албанците, бидејќи како што вели, тој е единствен граѓанин во Македонија кој е осуден за вакво дело.
Мунир Исмаили на 23 јануари лани  го запали македонското знаме пред зградата на општина  Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top