По многуте негодувања на кичевските Македонци во врска со изборот на Фатмир Дехари за градоначалник на општина Кичево, Дехари денеска за „Република на албански јазик“ изјави дека тој работи како градоначалник на сите, а не само како на Албанците. Тој тврди дека Општината се соочува со многу проблеми од времето на работењето на бившите градоначалници кои раководеле со Општината.
– Од ден на ден општина Кичево се менува позитивно. Македонските медиуми се информирани за сите проблеми со кои се соочивме поради лошото менаџирање на поранешните градоначалници. Новата ситуација која се создава во Општината и квалитетните услуги кои им ги нудиме на граѓаните, било од општинската администрација или од претпријатијата кои делуваат во рамки на општината, убеден сум дека покрај Албанците, Турците, Ромите и македонските граѓани почнуваат да се уверуваат дека ние работиме во нивен интерес и дека граѓаните секогаш ќе бидат оние за кои ќе работи нашата администрација – рече Дехари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.