| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар Про поразен во финале во Белград

Црвено црните загубија од Нексе со 33-29 и го освоија второто место на турнирот Драган Ранковиќ

Вардар Про попладнево во Белград постојано беше во негатива во мечот со Нексе што како краен исход донесе пораз од 33-29. Црвено црните го загубија финалето од турнирот Драган Ранковиќ и мораше да се задоволат со една победа против Металопластика вчера и со конечен пласман на второто место. Поразот од Нексе дојде по константно водство на хрватските ракометари и на полувреме (18-16), а на моменти и со пет разлика. Во македонскиот тим најефикасни беа Марковски, Марковиќ и Абутовиќ со по пет голови.

Во борба за третото место на собиот партизан ја победи Металопластика со 29-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top