| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски до крајот на сезоната во чешки Нимбурк

Montenegro vs F.Y.R of Macedonia

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски потпиша за амбициозниот клуб од Чешка – Нимбурк.
Тој ќе настапува во клубот до крајот на сезоната, со можност договорот да се продолжи за уште една година. Искусниот бек беше без ангажман од почетокот на сезоната по завршувањето на договорот со Цедевита. Илиевски тренираше со словенечкиот тим Хелиос за да остане во форма.
Нимбурк од оваа сезона се натпреварува во регионалната ВТБ-лига, во која учествуваат екипи од источна Европа, како и во Еврокупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top