Дека крушата под круша паѓа доказ е и синот на Војо Стојаноски, Дамјан, кој тргна по стапките на татко му и на неодамна одржаниот фолк-фестивал „Филиграни“ ја освои наградата за најдобар дебитант, пишува Вечер. Дамјан има 18 години и е четврта година во средното музичко училиште, отсек соло-пеење. Уште од мали нозе велеше дека музиката ќе биде негова професија. Фолкерот вели дека Дамјан најголемата поддршка ја добива од семејството.
– Го советувам да слуша многу музика, разновидна, да се труди да биде свој, оригинален, но никогаш да не ги заборава корените, да го истражува изворот на македонската песна и секогаш да биде близу до него. Истовремено, му укажувам дека, сепак, ова не е ни малку лесна професија, дека времињата во однос на заработувањето од музика се променија, станаа потешки и дека за да се опстои на естрадата, освен талент, треба многу труд и умешност – вели Стојановски.
Таткото и синот, кои се потврда дека гените се вистинско чудо, велат дека во иднина нема по секоја цена да снимаат дуетски нумери, но секогаш кога ќе имаат добра музичка понуда, песната ќе ја отпеат со задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст