„Тука се и официјално!“ – вака на „Фејсбук“ возбудената Лила првпат ги претстави чантите со нејзин потпис.
„Јас сум премногу секси за мојот бивши“ (I’m too sexy for my ex“) и „Добрата мајка“ напишано во стилот на култниот „Кум“ („Goodmother“) се првите написи на чантите кои наскоро ќе бидат пуштени и во продажба. Една од нашите најпознати водителки се реши да соработува со заштитно лице на нишката марка чанти „Ташна бај Ана Шурдиловиќ“.
Чантите со ликот на Лила ќе се продаваат само преку нејзината фан страна на „Фејсбук“.
Наскоро, пак, се планира и проширување на бизнисот, па ќе може да се купат и перници, маички, бањарки со потписот на Лила, а во план е водителката да отвори и продавница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


