| четврток, 6 декември 2018 |

Бетмен бин Супермен во затвор поради кражба

Бетмен бин Супермен од Сингапур, кој стана вистинска интернет-сензација поради необичното име, денеска беше осуден на две години и девет месеци затвор поради кражба и користење наркотични средства.

Човекот со необично име, кој има 23 години, како што се наведува, провалил во канцеларија на една компанија за да украде пари, а се вели и дека корисел хероин.

Бетмен бин Супермен, кој бил уапсен во август, има своја фан страна на „Фејсбук“, а се прослави кога се појави фотографијата од неговата лична карта, каде што сите дознаа за неговото чудно име.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top