Утревечер „Скопски фестивал“ ќе собере 23 македонски изведувачи, кои на сцената во МОБ ќе настапат со „Биг бендот“ на МТВ. Меѓу нив ќе биде и младата пејачка, која по подолга пауза од музичките настапи повторно реши да запее.
Елена Ристеска се враќа гласно! Песната која ќе ја отпее се вика „Што си ти“, а, всушност, се работи за прекрасна адаптација на познатата песна „Третата молитва на моето тело“ од Ацо Шопов, во која Богородица го оплакува својот син Исус на неговиот гроб.
Станува збор за навистина оригинална композиција која е комбинација на молитвена песна и класична поп-композиција зад која стои авторот Дарко Димитров. Адаптацијата на текстот, пак, ја направи самата Елена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


