Доколку наутро се чувствувате заморено, наместо кафе има многу подобар начин „квалитетно“ да се разбудите. Секако, станува збор за утрински секс. Иако нема потреба да се нагласува , сепак ќе кажеме дека и истражувањата велат дека овој начин на физичка активност наутро го ослободува окситоцинот, хормонот на добро расположение кој ќе ве следи низ денот. Затоа, изненадете го партнерот со една од најдобрите- препорачани пози за добро утро.
1. Од странаНа запад оваа поза се нарекува „spooning“, што би се превело како редење лажички, а токму тоа е и точниот опис- телата да се спојат во потполност, како две лажички. Оваа поза е и инстиктивна- најголем број од паровите така се будат наутро.
2. Свртена каубојка
Мажите ја сакаат оваа поза, но и за жените е одлична забава. жените одлучуваат за брзината и воопшто за целата игра. Истовремено (некој мислел и на тоа) се надминува проблемот со утринскиот здив.
3. Напредна мисионерска
Ако сте разиграни, обидете се и „подлабоко“- можеби токму тоа ви е потребно да се активирате пред работа. Со женските нозе на машките рамења, можете да ја гледате страста во очите, што е дополнителен ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


