Предвидувањаta на НБРМ за растот на БДП се резултат на добрите придвижувања во економијата годинава, оцени премиерот Никола Груевски.
-Централната банка претходно предвидуваше 2,3 отсто, но сега ја помести проекцијата на 3,3 проценти раст. Поместена е проекцијата и за следната година од 3,1 на 3,7 отсто, а за 2015 предвидениот раст е 4,4 проценти, напомена Груевски.
Позитивните раздвижувања, нагласи, ја изненадија Централната банка, ММФ и други меѓународни институции. Сега сите вршат одредени поместувања на проекциите кон повисоко зашто досегашните предвидувања се реализираа повеќе од очекуваното.
– Во првите два квартала растот е околу 3,3 отсто што укажува дека трендот е подобар, економијата доживеа побрзо раздвижување и анимирање. Иако ризици се уште постојат поради актуелната европска должничка криза, перспективите за Македонија се подобри и од тој аспект Централната банка ја изврши корекцијата, потенцира премиерот.
Промените во прогнозите, додаде, се воедно и резултат на мерките што ги презема Владата за подобрување на економијата, бизнис климата, привлекувањето странски инвеститори, поддршката и помагањето на домашните компании да дојдат до поевтини кредити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


