
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и нареди на војската да ги заземе продавниците од ланецот за техничка опрема „Дака”, затоа што сметал дека цените биле превисоки за народот.
Властите уапсиле неколку менаџери на компанијата која во пет продавници вработува 500 лица и им наредила своите производи од саботата да ги продаваат по пониски цени.
По објавата за попуст пред продавниците се насобраа толпа народ.
„Наредив заземање на продавниците на таа трговска мрежа за на народот да му ги понудиме своите производи по чесни цени. Купете се, ништо нека не остане во магацините. Следните денови ќе ја прочешламе целата држава. Ова ограбување на народот мора да престане, изјавил Мадуро.
Како што пренесоа венецуелските медиуми, Мадуро потврдил дека раководството на компанијата е притворено, а цените по кои стоките се продавале, во некои случаи за 1.000 отсто ја надминувале набавната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


